Истражувачите на Универзитетот во Чикаго открија претходно непознат сеизмички ефект во кој рефлектираните бранови од границата помеѓу Земјината обвивка и надворешното јадро придонеле за поместување на делови од Јапонија кон исток за околу 5 до 6 милиметри.
Најмалку еден рефлектиран сеизмички бран патувал околу 2.900 километри за време на земјотресот со магнитуда од 9,0 степени по Рихтер во Јапонија во 2011 година, а според анализата на GPS податоците, тој одиграл клучна улога во дополнителните сеизмички процеси, објавува Science Alert.
Овој настан претставува прв документиран случај на рефлектиран сеизмички бран од границата јадро-обвивка што предизвикува дополнително лизгање на раседот.
При анализата на податоците од јапонската ГПС-мрежа GEONET, научниците забележале исклучително јасен сигнал од таканаречениот ScS-бран. Иако ваквите системи регистрираат движење на тлото, а не директно сеизмички бранови, сигналот бил толку силен што бил забележан дури и во Кина.
Дополнителните анализи покажале дека дел од ГПС-станиците не се вратиле во својата првобитна положба по минувањето на брановите, туку останале трајно поместени за неколку милиметри. Со тоа била исклучена можноста да станува збор за грешка во обработката на податоците или за друг познат геолошки процес.
Rare scenes from Japanese Airport on March 11, 2011, when a massive earthquake and tsunami changed the nation forever 🇯🇵 pic.twitter.com/5DecVHMqT3
— Tehxi (@yajnshri) June 18, 2026
Според моделите изработени од истражувачите, рефлектираниот сеизмички бран можел да предизвика мало лизгање долж веќе напнати тектонски раседи, што резултирало со минимални, но трајни поместувања на површината.
🌍 The 2011 Japan megaquake may have done something never seen before.
A seismic wave traveled 2,900 km to Earth’s core-mantle boundary, bounced back, and may have shifted parts of Japan eastward by 5–6 mm.
An earthquake’s echo from deep inside Earth. 🤯#Earthquake #Japan pic.twitter.com/pIlbfXQCVC
— StarSnap 🌟 (@StarSnap_1) June 19, 2026
Разорниот земјотрес со јачина од 9 степени според Рихтеровата скала ја погоди североисточната обала на јапонскиот остров Хоншу на 11 март 2011 година. Потресот траел околу шест минути и се смета за најсилниот регистриран во историјата на Јапонија.
По земјотресот следуваше катастрофално цунами со бранови високи до 40 метри, кои навлегоа километри во внатрешноста на копното и предизвикаа огромни разурнувања. Катастрофата доведе и до нуклеарната несреќа во Фукушима, а според официјалните податоци животот го загубија или се водат како исчезнати околу 20.000 лица. Материјалната штета беше проценета на повеќе од 150 милијарди долари.
The effect of the 2011 Japan earthquake on the Oceans Pacific & Indian Ocean pic.twitter.com/10t7OpixxX
— Historic Vids (@historyinmemes) January 13, 2024












