петок, јуни 19, 2026
Дома СВЕТ Остар одговор на Мелони за „навредата“ од Трамп: „Ни јас, ниту Италија...

Остар одговор на Мелони за „навредата“ од Трамп: „Ни јас, ниту Италија не молиме никого“/ВИДЕО

0
EPA/MAURIZIO BRAMBATTI

Италијанската премиерка Џорџа Мелони му возврати на американскиот претседател Доналд Трамп откако тој тврдеше дека таа „го замолила за заедничка фотографија“.

Отфрлајќи ги неговите тврдења, таа нагласи дека неговите зборови се целосно лажни.

„Искрено сум изненадена од ваквите изјави. Не разбирам зошто претседателот на САД се однесува кон своите сојузници на овој начин“, рече италијанската премиерка.

Таа додаде дека ова не е прв пат Трамп да дава слични коментари.

„Жалам што тој не покажува иста решителност кон противниците на Западот, додека кон одредени светски лидери има многу помек став. Едно е сигурно – ниту Италија ниту јас никогаш не молиме никого“, рече Мелони.

Трамп ја даде оваа изјава за време на гостувањето во емисијата L’Aria che tira на италијанската телевизија La7.

„Таа сакаше фотографија со мене и постојано бараше. Инаку не би го направил тоа, но ми беше жал“, рече Трамп.

ИЗДВОЕНИ