Tренерот и чичко на поранешниот светски тениски рекет број еден – Шпанецот Рафаел Надал, Тони Надал, ретко пропушта можност да им ги каже своето мислење и своето предвидување на медиумите, па неодамна го спореди Аргентинецот Хуан Мартин дел Потро со Енди Мареј.
Секако, исто така за ЕСПН на шпански јазик, тој се осврна и на иднината на Новак Ѓоковиќ, односно предвиде колку долго ќе трае неговата кариера.
– Пред Ролан Гарос, ме прашаа дали го гледам Ѓоковиќ како победник на турнирот и реков „не“. Не затоа што не го ценам, туку затоа што минува времето. Кога мора да играте пет сета на секои два дена, закрепнувањето не е исто. Патувањата, исто така, не се исти, пристигнувате малку подоцна и сето тоа влијае на вашата игра – песимист е Надал во врска со освојувачот на 24 грен-слем турнири.
Тони Надал верува дека Ѓоковиќ игра исклучиво за една цел: да го зголеми тој број на 25.
– Тој се натпреварува затоа што се обидува да освои уште еден грен-слем. Инаку, која е поентата на човек што освоил сè? Затоа мислам дека ја гледаме неговата последна сезона – додаде Надал.
Конечно, тој направи паралела помеѓу Рафа и Новак.
– И Рафаел и Ѓоковиќ останаа релевантни затоа што го сакаат она што го прават. Го сакаат тенисот и имаат волја да го дадат својот максимум – подвлече Тони Надал.












