понеделник, ноември 16, 2026
Дома СКОПСКА Нов камион-кипер во возниот парк на ЈКП „Илинден“                              

Нов камион-кипер во возниот парк на ЈКП „Илинден“                              

1

Возниот парк на јавното комунално претпријатие „Илинден“ е збогатен со нов камион – кипер, кој ќе придонесе за побрзо, полесно и поефикасно извршување на секојдневните работни активности.

-Новото товарно возило ќе се користи за утовар и транспорт на растителен и кабаст отпад, како и за превоз на различни материјали потребни за извршување на комуналните активности. Со неговата употреба ќе се овозможи поголема оперативност на екипите, поефикасно одржување на јавната чистота и јавните површини, како и навремено спроведување на активностите на територијата на општината – истакна градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски.

Од Општина Илинден велат дека со оваа инвестиција дополнително се зајакнуваат техничките капацитети на ЈКП „Илинден“ и се создаваат подобри услови за непречено извршување на комуналните услуги.

ИЗДВОЕНИ