вторник, јуни 23, 2026
Дома ЕКОНОМИЈА Агенцијата на ОН за поморска безбедност: Започна спроведувањето на план за безбеден...

Агенцијата на ОН за поморска безбедност: Започна спроведувањето на план за безбеден премин низ Ормутскиот теснец

27

Агенцијата на Обединетите нации за поморска безбедност во понеделник соопшти дека започнала со спроведување на план за да им се овозможи на стотици бродови, кои превезуваат околу 11.000 морнари, безбедно да поминат низ Ормутскиот теснец според договорот за прекин на огнот меѓу САД и Иран.

„Почнавме да контактираме со бродовите за да започнеме со спроведување на планот“, изјави портпаролот на агенцијата, без да даде временска рамка, објави Ројтерс.

Агенцијата во соопштението наведува дека ги обезбедила потребните безбедносни гаранции и ги потврдила условите за безбедна пловидба.

„Оваа операција од големи размери ќе се спроведе во тесна соработка со Иран, Оман, сите други крајбрежни држави во регионот, САД и поморската индустрија“, изјави генералниот секретар на агенцијата, Арсенио Домингез.

Оманското Министерство за одбрана изјави дека процесот ќе се спроведува во фази.

„Со оглед на зголемениот ризик од судир во сегашната средина, потребна е постепена и контролирана евакуација на бродовите“, се вели во соопштението.

Се вели дека таканаречената шема за одвојување на сообраќајот „не е безбедна во овој момент“ и дека две привремени рути северно и јужно од вообичаените би можеле да се користат за евакуација на голем број бродови.

„Бродовите ќе бидат контактирани поединечно и ќе бидат информирани кога и по која рута ќе можат да поминат низ теснецот, што ќе го одлучи агенцијата на ОН“, се вели во соопштението на оманското Министерство за одбрана.

Агенцијата на ОН ја усвои шемата за навигација во Ормутскиот теснец во 1968 година, со која се воспоставени рути низ територијалните води на Иран и Оман.

ИЗДВОЕНИ