Францускиот министер за надворешни работи, Жан-Ноел Баро, вчера изјави дека Франција сака ЕУ да воведе санкции против Иран до средината на декември поради наводните кибернапади врз фрижидерите во околу 700 супермаркети низ државата.
Баро, на состанокот на министрите за надворешни работи на ЕУ, изјави дека ќе им презентира докази на своите колеги дека Иран е одговорен за октомвриските напади, кога фрижидерите беа хакирани од далечина, што предизвика зголемување на температурата и расипување на големи количини храна, објави бриселски „Политико“.
Минатата недела, Франција официјално го обвини Корпусот на Исламската револуционерна гарда (ИРГЦ) за нападите, велејќи дека тие биле извршени од единицата Шахид Кавех, која е задолжена за офанзивни кибероперации.












