четврток, јуни 11, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Изведена првата робот-асистирана уролошка операција во Македонија

Изведена првата робот-асистирана уролошка операција во Македонија

21
Клиника за урологија

На Клиничкиот Центар „Мајка Тереза“ е изведена првата операција кај пациент со рак на простата со помош на робот, соопштија од Клиниката за урологија. Со оваа интервенција, како што информира Клиниката , македонското државно здравство прави историски исчекор во развојот на минимално инвазивната роботска хирургија, отворајќи нови можности за современ третман.

– Овој успех се должи на спремноста на државното здравство да вложува во континуирана едукација на стручните кадри и соодветна најсовремена опрема во клиниките и со тоа да создаде услови за развој и имплементација на најсовремените хируршки методи и технологии. Операцијата ја изведе тимот на Клиниката за урологија, предводен од д-р Виктор Станков, научен соработник и специјалист уролог. При зафатот беше користен роботскиот хируршки систем EdGe Medical, со примена на Single Site метода, односно хируршки пристап преку еден единствен отвор, наведува Клиниката.

Пристапот овозможува поголема прецизност при интервенцијата, помала траума за пациентот, намалена постоперативна болка и побрзо закрепнување. Според достапните сознанија, ова е и прва примена на Single Site метода од ваков тип во Европа. Овој роботски систем, покрај во урологијата, ќе има можност да се користи и во гинекологијата и во други хируршки домени во рамките на државното здравство.

ИЗДВОЕНИ