Израелската фирма BlackCorp, осомничена за мешање во француските локални избори во март, е осомничена и за мешање во изборите во Њујорк и Шкотска, изјави вчера шефот на француската агенција за дезинформации Visionum, Марк Антоан Брилијан.
Тој рече дека BlackCorp е осомничен и за работа во Ангола и Того, пренесе Ројтерс.
Агенцијата минатиот месец објави дека француските власти се сомневаат дека BlackCorp стои зад онлајн кампања за клевета насочена кон тројца кандидати од крајно левичарската партија Франција Непобедлива (LFI) пред локалните избори во март оваа година.
„Овој начин на работа не бил ограничен само на локалните избори во Франција. Се чини дека бил користен и за спроведување операции за дигитално мешање во други земји или региони, како што се Ангола, Того, шкотските избори и локалните избори во Њујорк во 2025 година“, рече Брилијан.












