Започна снимањето на краткометражниот игран филм „Врзани“, во режија на Сара Климоска, а во продукција на „Унита Филм“.
„Врзани“ е приказна за Ева, млада жена растргната меѓу должноста да се грижи за својата болна и контролирачка мајка и потребата конечно да го живее сопствениот живот. Кога неочекуван сплет на околности ќе ја донесе пред одлука што изгледа невозможна, Ева е принудена да се соочи со границите на љубовта, жртвата и личната слобода.

Главните улоги ги толкуваат Лео Поповиќ и Ана Костовска. Директор на фотографија е Александар Крстевски, сценографијата е на Симе Атанасиевиќ. Костимограф на филмот е Жаклина Крстевска, а шминката е на Снежана Ангеловска-Живковска. Продуцент на филмот е Вардан Тозија, копродуцент е Лидија Ивановски, а како партнери на филмот се јавуваат „Другата страна“ и „Млекара Јока“.












