Израелската војска објави дека продолжува со нападите врз Либан, и покрај преговорите за прекин на огнот меѓу САД и Иран што започнаа во Пакистан.
Израелските одбранбени сили (ИДФ) соопштија дека нападнале повеќе од 200 цели на милитантното движење Хезболах во Либан во последните 24 часа, објави „Би-би-си“.
Во соопштението се вели дека нивните воздухопловни сили извршуваат понатамошни напади и ги поддржуваат копнените сили во јужен Либан.
Израелската војска, исто така, тврди дека ги таргетира системите за лансирање со цел да спречи напади врз Израел.
Либанското Министерство за здравство објави дека шест лица се убиени во јужен Либан, а уште пет се повредени.
Во меѓувреме, Израел предупреди за упад на авиони во регионот Горна Галилеја на северот од земјата, но не е познато кој го започнал, пренесе „Бета“.












