вторник, јуни 9, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Поставени 72 знаци на новата кружна патека која го поврзува Инфоцентарот со...

Поставени 72 знаци на новата кружна патека која го поврзува Инфоцентарот со Цапарски вир и Ротинско Езеро

17

Нови 72 знаци на новата кружна шеснаесеткилометарска патека, која го поврзува Инфоцентарот на Националниот парк „Пелистер“ со Цапарски вир и Ротинско Езеро.

Од НП „Пелистер“ велат дека е направена и финална подготовка на подлогата во пресрет на големата промоција која е закажана за в сабота.

– Со новата сигнализација патеката е лесно достапна и за помалку искусните посетители на НП „Пелистер“. Уживајте во прекрасната и недопрена природа на Пелистер и не заборавајте дека за заштита и зачувување на ова наше богатство, одговорни сме сите ние – потенцираат од Паркот.

Новата планинска патека на Пелистер в сабота ќе биде промовирана  со голем музички настан на Ротинско Езеро под името „Протокол мираж“.

– Новиот шеснаесеткилометарски круг го поврзува Инфоцентарот на Пелистер со Цапари и Ротино, а ќе биде промовирана и нова кружна планинска патека која започнува од Цапари и води до еден од најубавите природни видиковци на Пелистер, наречен Лоша Стена (која се наоѓа на околу 1.220 метри) – информира Иванчо Тошевски, директор на Паркот.

Промотивниот настан ќе го организираат „Проџект 7.000“ и Националниот парк  „Пелистер“ со поддршка на „Екстрим бајк“ од Битола, Велосипедска федерација на Македонија и Федерација за планинарство на Македонија.

 

ИЗДВОЕНИ