Сите онколошки пациенти што побарале финансиска помош од Град Скопје – се исплатени.
– Обезбедена финансиска поддршка за нашите сограѓани што водат една од најтешките животни битки – објави на „Фејсбук“ скопскиот градоначалник, Орце Ѓорѓиевски.
Тој информира дека аплицирале повеќе од 1.200 онколошки пациенти на повикот.
– Секоја апликација беше обработена со максимална посветеност и со внимание, а исплатата за сите што ги исполнија условите е завршена денес, а ќе продолжи и во текот на наредниот ден – нагласи Ѓорѓиевски.
Притоа, наведе дека сѐ уште е отворен повикот и може да се аплицира.
– Зад секоја бројка, почитувани, стои човек. Стои семејство. Стојат непроспиени ноќи, страв, надеж и огромна борба. И токму затоа ова е порака дека никој не е сам. Дека зад секоја тешка битка постои заедница што знае да сочувствува, да помогне и да биде тука кога е најпотребно – потенцира Ѓорѓиевски.












