среда, ноември 25, 2026
Дома СКОПСКА  Деловниот интегритет е темел на довербата, а јасните правила се клучот за...

 Деловниот интегритет е темел на довербата, а јасните правила се клучот за развој на компаниите и иднина на младите дома

1

-Деловниот интегритет e темел за градење вистинска доверба со партнерите, вработените и клиентите. Микро, малите и средните претпријатија се главниот двигател на економијата. За корупцијата не смее да има место во деловното опкружување и само јасните и фер правила им овозможуваат на компаниите да се натпреваруваат преку квалитет, знаење и услуга. Превенцијата на корупцијата е заедничка одговорност на институциите и приватниот сектор. Секој наш чекор во оваа насока води кон најважната цел – задржување на младите дома. Здравата и конкурентна бизнис-заедница значи квалитетни работни места и реална перспектива младите својата иднина да ја градат тука, во Кисела Вода и во Македонија -истакна градоначалничката НА Општина Кисеа вода, Бети – Стаменкоска Трајкоска во своето обраќање на отворањето на обуката од циклусот работилници за воведување деловен интегритет кај малите и средни претпријатија, во рамки на проектот „Бизнис со интегритет: Мобилизирање на малите и средни претпријатија како лидери против корупцијата“, реализиран од Фондацијата Конрад Аденауер и Европската Унија.

Во своето излагање, градоначалничката ја истакна активната улога на Општина Кисела Вода како партнер во градењето здрава и конкурентна локална економија. Таа нагласи дека локалната самоуправа се залага за бескомпромисно законско работење, транспарентност и еднаков третман без неформални влијанија, преку постојана комуникација со стопанствениците, дигитално олеснување на постапките и целосен увид во поддршката за компаниите, паралелно со континуираната координација со централната власт и силните инвестиции во патната и комуналната инфраструктура.

На денешната работилница, под менторство на реномирани експерти, претставниците на компаниите ги унапредуваа своите практики и разменуваа искуства низ неколку клучни тематски целини: препознавањето на корупциските ризици и нивното влијание врз жените во бизнисот, воспоставувањето на функцијата лице односно офицер за интегритет во претпријатијата без посебен оддел за усогласеност, правилното управување со судирот на интереси, подароците, доверливите информации и односите со јавните службеници и инспектори, како и јакнењето на етичкото одлучување преку креирање и примена на јасен етички кодекс во самото претпријатие.

Пред претставниците на бизнис-заедницата и институциите, покрај градоначалничката Стаменкоска Трајкоска, говореа и директорот на програмата за владеење на правото во ЈИЕ при Фондацијата Конрад Аденауер Јаков Девчиќ, градоначалникот на Општина Аеродром Дејан Митески и претседателката на Асоцијацијата на бизнис-жени Валентина Дисоска.

 

 

ИЗДВОЕНИ