| Mагнитуда од 7,8 степени |
Повеќе од 30 луѓе загинаа, а над 100 се повредени во разорниот земјотрес што, во понеделникот, го погоди еден од јужните острови на Филипини, според првичните информации.
Се стравува дека ова не е конечен број жртви од земјотресот со магнитуда од 7,8 степени на јужниот брег во близина на островот Минданао, на длабочина од 10 километри. Конечниот број настрадани ќе го соопшти Националниот совет за намалување на ризици од катастрофи и управување со вонредни ситуации, кога ќе заврши спасувачката акција.
Исто така, издадено е предупредување за цунами бранови повисоки од еден метар, а почувствувани се и низа послаби земјотреси.
Снимките покажуваат поголема материјална штета и урнати згради.
Катастрофата се случи на почетокот на новата школска година, па наставата во најтешко погодените подрачја е прекината.
Ова е еден од најсилните земјотреси на Филипини, по оној од 1918 година, со магнитуда од 8,3 степени.












