
Ормускиот теснец останува под блокада и нема да биде повторно отворен додека не се прифатат условите на Иран, објави денес Иранската канцеларија за контрола на Персискиот Залив.
Тие реагираа на тврдењата на американскиот претседател Доналд Трамп дека САД целосно го контролираат водниот пат.
„Тврдењата и повторените изјави на американските претставници дека Ормускиот теснец повеќе не е блокиран не ја менуваат реалноста. Ормутскиот теснец останува под блокада и нема да биде повторно отворен додека не се прифатат условите на Иран“, се вели на официјалниот профил на канцеларијата на мрежата X.
Иранските власти ја формираа Канцеларијата за контрола на Персискиот Залив во мај, како тело задолжено за контрола на поморските патишта низ Ормутскиот теснец.
Порано денес, Трамп ги повтори тврдењата дека САД целосно го контролираат Ормускиот теснец.











