четврток, јуни 4, 2026
Дома СВЕТ Иран демантира дека сакаат да преговараат: Се подготвивме за долга војна, не...

Иран демантира дека сакаат да преговараат: Се подготвивме за долга војна, не сме испратиле никакви пораки

175
EPA/ABEDIN TAHERKENAREH

Иран не испратил никакви пораки до САД и се подготвува за долга војна, изјавил неименуван ирански функционер за иранската агенција Тасним.

– Не е испратена никаква порака од Иран до САД, ниту ќе биде даден било каков одговор на американските пораки. Иранските вооружени сили се подготвиле за долга војна – рекол функционерот.

Американскиот портал Аксиос објави, повикувајќи се на американски функционер запознаен со ситуацијата, дека Иранците во последните неколку дена испраќале пораки до администрацијата на Трамп преку земјите од Персискиот Залив, како и други земји во регионот на Блискиот Исток, но САД не одговориле.

Њујорк тајмс објави дека оперативци на иранското Министерство за разузнавање индиректно контактирале со ЦИА преку разузнавачка служба од трета земја со понуда да разговараат за условите за завршување на конфликтот.

ИЗДВОЕНИ