Кога најдобрата тенисерка во светот, Белорусинката, Арина Сабаленка, го покажа вереничкиот прстен на раката, вниманието на јавноста не го привлече само романтичната вест – туку и буквално прекрасниот дијамант.
Според проценките на одредени медиуми и експерти за луксузен накит, прстенот што го доби Сабаленка вреди повеќе од 500.000 долари. Некои проценки дури одат и над милион долари. Ова се проценки засновани на големината и квалитетот на дијамантот што се гледа на фотографиите.
Врз основа на снимките и фотографиите, станува збор за голем централен дијамант, најверојатно со висока јасност и квалитет на сечење, поставен на елегантен венчален прстен од бело злато или платина.












