петок, јуни 5, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Имајте топла облека при рака: Следува нагло заладување со дожд, северен ветер...

Имајте топла облека при рака: Следува нагло заладување со дожд, северен ветер и планински снег

331
Foto: Pexels

По вистинската пролет со вистински пролетни температури кои изминативе денови ги имавме во Македонија, веќе од утрешната понеделничка ноќ кон вторник 20/21 април 2026 ни доаѓа значителна и нагла промена на временската состојба кај нас во Македонија и во поширокиот дел од Балканскиот Полуостров, најави Славчо Попоски.

Продор на значително поладен воздух од север ќе ги спушти температурите во Македонија и поширокиот Балкански Полуостров за околу па и за повеќе од 10 степени во споредба со оние температури кои ги имаме сега.

Токму ова значи дека топлата облека сѐ уште ќе ни биде потребна во периодот кој што ни следува, најави метеорологот.

ИЗДВОЕНИ