петок, јуни 5, 2026
Дома СПОРТ РАКОМЕТ Вардар во инфаркт натпревар го победи Охрид и го освои 18 –...

Вардар во инфаркт натпревар го победи Охрид и го освои 18 – от пехар во Купот на Македонија

105

Ракометарите на Вардар го освоија осумнаесеттиот пехар во Купот на Македонија, откако во драматичен натпревар го победија ГРК Охрид со 23:24 (12:13). Натпреварот во салата „Парк“ во Струмица понуди навистина огромна борба до последните секунди, а вардарци имаа повеќе нерви и среќа кога беше најважно.

До победата вардарци ги предводеше Јака Малус кој блесна со осум реализации, шест гола даде Хориха, а пет имаше Тузолана. Во таборото на Охрид по пет погодоци дадоа Дарко Ѓукиќ и Косуке Јасухира.

По финалето беа доделени индивидуалните признанија, а тие заминаа во рацете на двајца ракометари. Јака Малус како најдобар стрелец на турнирот беше избран и за МВП, додека Кристијан Пилиповиќ од Охрид е нај-голман.

На двата натпревари против Алкалоид и Охрид словенечкиот бек Малус постигна 17 погодоци.

ИЗДВОЕНИ