среда, јуни 24, 2026
Дома СПОРТ Ибра во свој стил коментираше за Роналдо, а потоа и за неговиот...

Ибра во свој стил коментираше за Роналдо, а потоа и за неговиот ривал

0
epa10673686 AC Milan’s Zlatan Ibrahimovic, who is due to leave the club, is celebrated by fans after the Italian Serie A soccer match between AC Milan and Hellas Verona, in Milan, Italy, 04 June 2023. EPA-EFE/MATTEO BAZZI

Откако Лионел Меси постигна два гола еден ден претходно за повторно да го потсети фудбалскиот свет на својот квалитет, Кристијано Роналдо одговори на најдобар можен начин со два гола во триумфот на Португалија од 5:0 над Узбекистан.

Според легендарниот шведски фудбалер, Златан Ибрахимовиќ, токму ваквите игри покажуваат зошто е прерано да се отпише португалската ѕвезда.

– Вчера Лионел Меси постигна два гола и целиот фудбалски свет почна да го поставува истото прашање: Како ќе одговори Кристијано Роналдо? Сега го имаме одговорот. Два гола пред полувремето. Не еден, туку два! – рече Ибрахимовиќ.

Техничкиот директор на италијанскиот калчогигант Милан истакна дека секогаш се смее на тврдењата дека Роналдо ја завршил кариерата на врвно ниво.

– Затоа се смеам кога велат луѓето дека завршил Роналдо? Играчите што завршиле не излегуваат на теренот на натпреварите од Светското првенство и не доминираат вака. Тие играчи не носат толку голем притисок на негови години. „Готовите“ играчи не продолжуваат да им докажуваат на сите дека грешат, од година на година – додаде Ибрахимовиќ.

Златан особено нагласи дека придонесот на Роналдо не бил видлив само преку головите што ги постигна.

– Денес не се работеше само за головите. Погледнете ги неговото движење, неговото лидерство и вниманието што го привлекува кон дефанзивците. Дури и голот од слободен удар на Нуно Мендеш започна затоа што Роналдо донесе правилна одлука. Повеќето напаѓачи ќе се обидеа да ја земат славата за себе, но Роналдо препозна подобра опција, а Португалија имаше корист – додаде тој.

Ибрахимовиќ верува дека величината на еден играч не се одразува само во бројот на голови.

– Луѓето мислат дека величината се мери само со голови. Понекогаш величината е знаење кога да не се шутира. Вчера Меси го потсети светот кој е, а денес Роналдо го направи истото – заклучи тој.

На крајот, Ибракадабра повлече паралела меѓу двајцата најголеми фудбалери во модерната ера.

– Меси постигна два гола, Роналдо одговори со два. И некако луѓето сè уште мислат дека завршиле овие легенди. Фудбалот постојано се менува, но имињата на врвот некако остануваат исти – додаде тој.

ИЗДВОЕНИ