среда, јуни 24, 2026
Дома МАГАЗИН Допаминско облекување – нов тренд

Допаминско облекување – нов тренд

31

Допаминскиот начин на облекување има цел да го подигне нашето расположение.

Со избирањето одредена боја, текстура или стил, кога станува збор за облеката, можеме да го активираме лачењето на допаминот, покажа едно истражување.

Допаминското облекување, како термин, беше воведено од психологот Даун Карен и набрзо стана еден од водечките трендови на „Tик-ток“.

Овој начин на облекување се занимава со расположението што сакаме да го постигнеме. Размислете како се чувствувате и кои бои, материјали и дизајни ве прават посреќни.

Добрата страна на овој начин на облекување е што не мора да купувате нови парчиња облека. Веројатно, веќе имате сè што ви треба во вашиот плакар. Плус, не ви треба нова облека за да се чувствувате среќно. Погледнете ги омилените парчиња облека и размислете за можните комбинации. Излезете од вашата комфорна зона. Тоа е и начин на враќање на телото и умот во рамнотежа, а оваа практика се користи со векови. Научно е докажано дека одредени бои влијаат на одредени чувства. Затоа изберете парчиња облека во нијанси што ви се допаѓаат и ве прават среќни.

ИЗДВОЕНИ