понеделник, јуни 8, 2026
Дома МАГАЗИН И претседателката на германскиот Бундестаг била жртва на хакерски напад врз корисници...

И претседателката на германскиот Бундестаг била жртва на хакерски напад врз корисници на „Сигнал“

90
Фото:википедија

Претседателката на германскиот Бундестаг, Јулија Клекнер, беше цел на хакерски напад врз апликацијата за пораки „Сигнал“, објавија германските медиуми.

Според германки „Шпигел“, Клекнер е меѓу жртвите на неодамнешната фишинг кампања насочена кон корисниците на „Сигнал“, како дел од поширок бран кибернапади врз европските политичари во последните месеци.

Се наведува дека таа била дел од групен разговор на апликацијата „Сигнал“ со членови на извршниот комитет на конзервативната Христијанско-демократска унија (CDU), во која е вклучен и германскиот канцелар Фридрих Мерц.

Сепак, германската служба за внатрешна безбедност не пронајде докази дека неговиот телефон бил компромитиран.

Весникот додава дека најмалку уште еден пратеник на ЦДУ бил погоден од нападот.

Европската комисија препорачува од 2020 година да се започне со користење на апликацијата „Сигнал“ за комуникација што не е поврзана со работата, додека европските служби за сајбер безбедност и разузнавање предупредија на почетокот на април за фишинг кампања во која хакери, наводно од Русија, се претставувале како поддршка на апликацијата за да добијат кориснички ПИН кодови.

ИЗДВОЕНИ