петок, октомври 30, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Хуманитарен концерт посветен на македонската народна музика

Хуманитарен концерт посветен на македонската народна музика

21

Здружението на слепи лица – Штип, во соработка со Општина Штип и Центарот за култура „Ацо Шопов“, на 4 ноември ќе го организира традиционалниот хуманитарен концерт посветен на македонската народна музика.

По едногодишна пауза, настанот повторно ќе ги обедини музичките уметници и љубителите на народната песна.

Драги Витанов од Здружението на слепи лица – Штип информираше дека годинашното издание ќе понуди настапи на повеќе познати изведувачи, меѓу кои Марјан Коцев, Орце Стевковски, Кире Науновски, Емилија Иванова и Ранко Рангелов. На концертот ќе настапи и младата пејачка Велина Стаменковиќ од Врање, која ја изведува македонската народна музика.

Витанов посочи дека концертот традиционално се организира во соработка со локалната самоуправа и Центарот за култура, со исклучок на минатата година, кога настанот не се одржа поради трагедијата во Кочани.

ИЗДВОЕНИ