Скопјани реагираат дека на овие летни горештини, кога температурите достигнуваат и до 39 Целзиусови степени, нема доволно чешми низ градот за да се напијат вода и да ја изгаснат жедта, но и дека оние што функционираат се несоодветни, односно дека од нив водата или се прелева и напразно тече или, пак, имаат толку слаб млаз вода што е невозможно да ја изгаснеш жедта. И додека граѓаните се жалат на состојбата со чешмичките за пиење вода низ градот, скопскиот градоначалник, Орце Ѓорѓиевски, се пофали дека се ставени во функција повеќе од 220 фонтани.      

– Во координација со ЈП „Водовод и канализација“, ги мапиравме, сервисиравме и ставивме во функција повеќе од 220 фонтани за пиење вода, засега – наведува тој.

Додава оти се свесни дека потребите се уште поголеми и оти затоа паралелно се работи и на поставување нови фонтани на повеќе фреквентни локации низ градот

Скопјани реагираат дека на овие летни горештини, кога температурите достигнуваат и до 39 Целзиусови степени, нема доволно чешми низ градот за да се напијат вода и да ја изгаснат жедта, но и дека оние што функционираат се несоодветни, односно дека од нив водата или се прелева и напразно тече или, пак, имаат толку слаб млаз вода што е невозможно да ја изгаснеш жедта.

– По целиот булевар „Партизански одреди“, освен онаа кај Буњаковец и една пред Универзална (која е полна со ѓубре и некогаш работи, а некогаш не) нема ниту една фонтана. Исто е по должината на булеварите   „Теодосиј Гологанов“ и „Илинденска“. Во Аеродром не работи ниту една по булеварот „Јане Сандански“ (дури ни оние штедливите, на копче, од кои водата не се пие затоа што е топла како урина), а иста е состојбата и по булеварот „Трета Македонска Бригада“ – реагира скопјанец.

Тој додава дека насекаде низ светот има фонтани на секои 200 – 300 метри, дури и во најмалите гратчиња.

–Дури и кај нас во некои помали гратчиња има повеќе фонтани од Скопје. Проблемот се овие стручњациве од ЈП „Водовод и канализација“, кои лажат дека тоа е голем товар за буџетот (товар им е ним, затоа што ќе треба да работат и да ги одржуваат). Во Скопје, пред 50 години, имаше стопати повеќе фонтани од сега и не е проблем повторно да ги има. Ставете насекаде низ градот и тоа проточни (обични) како што беше некогаш, секаде каде што има приклучок и е фреквентно, народот ќе ви биде благодарен – им предлага тој на градските власти.

Скопјанката Маја Стефановиќ, пак, нагласува дека не е во функција ниту чешмичката спроти Клиниката за хируршки болести „Свети Наум Охридски“, на аголот од страната на Зелениот пазар.

–Земете пример од Виена и погледнете како изгледаат нивните градски чешми за вода. Водата од чешмичките кои се пуштени напразно тече и се прелева. Навистина штета голема. Не е во ред водата да тече непотребно во моменти кога нема кој да се напие. Чешмичките треба да бидат во функција кога ќе има потреба некој да се напие вода – смета таа.    

Јасмина, пак, коментира дека во светот постојат фонтани и плус отстрана имаат опција за полнење шишиња, а во долниот дел и место за вода да пијат милениците.

–Ова не чини милиони и може да се инсталираат на многу локации низ целиот град – нагласува таа.

И додека граѓаните се жалат на состојбата со чешмичките за пиење вода низ градот, скопскиот градоначалник, Орце Ѓорѓиевски, се пофали дека се ставени во функција повеќе од 220 фонтани.

– Со години, поради неажурност, ситни дефекти и негрижа, голем дел од фонтаните за пиење вода низ градот беа оставени надвор од функција. Она што требаше да биде секојдневна услуга за граѓаните, беше претворено во уште еден заборавен проблем. Во координација со ЈП „Водовод и канализација“, ги мапиравме, сервисиравме и ставивме во функција повеќе од 220 фонтани за пиење вода, засега – наведува тој.

Додава оти се свесни дека потребите се уште поголеми и оти затоа, паралелно се работи и на поставување нови фонтани на повеќе фреквентни локации низ градот.

(А. П.)

 

ИЗДВОЕНИ