среда, јули 1, 2026
Дома СКОПСКА Градоначалникот Сотир Лукровски ги продолжува работните активности и обврски

Градоначалникот Сотир Лукровски ги продолжува работните активности и обврски

29

Градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, од денеска ги продолжува своите редовни работни активности и обврски.

Од Општина Карпош  информираат дека и во периодот на неговото отсуство, Општина Карпош функционирала организирано, професионално и непречено, согласно воспоставените процедури, надлежности и редовната динамика на општинската администрација.

-Тековните проекти, услугите кон граѓаните и секојдневните активности на општинските служби се реализираа континуирано, со цел граѓаните да не почувствуваат застој во работењето на локалната самоуправа. Со враќањето на градоначалникот Лукровски на работните обврски, Општина Карпош продолжува со уште поинтензивна координација на започнатите активности и со јасен фокус на реализација на приоритетите значајни за граѓаните – соопштија од Општината.

Оттаму наведуваат дека во наредниот период, приоритет остануваат проектите насочени кон подобрување на квалитетот на живот во општината: унапредување на постојната инфраструктура, санација и реконструкција на урбаната опрема, одржување на јавните површини и зеленилото, како и постојано присуство на општинските служби на терен.

-Градоначалникот Лукровски останува посветен на одговорно, транспарентно и континуирано работење, со цел Општина Карпош да продолжи да функционира како стабилна, услужна и отворена локална самоуправа за сите граѓани – потенцираат од локалната самоуправа.

Општина Карпош продолжува со реализација на своите обврски, проекти и активности во интерес на граѓаните, со јасна заложба за отчетност, ефикасност и посветена работа.

 

ИЗДВОЕНИ