Во тек се градежните активности на улицата „Матеја Матевски“, зад кулите Џевахир – место што со години претставуваше инфраструктурен и сообраќаен предизвик.
Од Општина Аеродром информираат дека конечно се става крај на еден децениски проблем и се создава безбедна и функционална улица за сите.
-Жителите добиваат сигурна делница за движење и нормален сообраќај – нешто што одамна го заслужуваат – потенцираат општинските власти.
Воедно, додаваат дека и ООУ „Димитар Македонски“ во населбата Лисиче добива комплетна и функционална целина.
-Го поврзуваме училишниот објект со фискултурната сала, создавајќи современ и функционален простор за учениците и наставниците, а со тоа обезбедуваме директен и безбеден пристап до салата, без изложеност на временски услови – значајно подобрување за наставата – потенцираат од локалната самоуправа.












