Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски по повод големиот празник Рамазан Бајрам, денеска подели над 50 пакети со прехранбени производи на сограѓани од исламска вероисповед, во соработка со заменик министерот за социјална политика, демографија и млади, Ѓоко Велковски.
-Со оваа хуманитарна акција се испрати порака за солидарност, заедништво и меѓусебна почит, како темелни вредности во општеството. Беше нагласено значењето на хуманоста и подадената рака во време кога поддршката е најпотребна – соопштија од Град Скопје.
При тоа, нагласуваат дека по тој повод, била упатена честитка до сите верници од исламска вероисповед, со желби за здравје, мир и благосостојба, како и апел за негување на соживотот и единството во Скопје.












