четврток, јули 2, 2026
Дома СКОПСКА Ѓорчепетровци ќе селектираат отпад

Ѓорчепетровци ќе селектираат отпад

35

Во Општина Ѓорче Петров започна со реализација пилот-проект за селекција на отпад, со цел подигнување на еколошката свест и унапредување на одржливото управување со отпадот на локално ниво.

– Во рамките на проектот, а во соработка со Центарот за климатски промени – Гевгелија и „Алпакеко“, се доделуваат канти за селекција на отпад од ПЕТ (пластична) амбалажа на вкупно 60 домаќинства на територија на Општината – информираа од Општина Ѓорче Петров.

Оттаму додаваат дека проектот претставува почетна фаза од поширока иницијатива што има цел постепено проширување на системот за селекција на отпад во целата општина, со активно вклучување на граѓаните во процесите за заштита на животната средина.

Донацијата е обезбедена од Центарот за климатски промени, во рамките на проектот „Младите и жените – двигатели на транзицијата кон одржливо управување со отпадот во руралните средини (WeLeadRural)“, како дел од програмата „BOOST Balkans“, поддржана од „ALDA – European Association for Local Democracy“, „ALDA Balkans“, преку „AFD – Agence Française de Développement“.

ИЗДВОЕНИ