четврток, јули 2, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА ЕСМ обвинува за искривување на вештачењето

ЕСМ обвинува за искривување на вештачењето

1281

„Електрани“ ќе приговара на одлуката на ОЈОГОКК

Правен тим на  ЕСМ интензивно работи на подготовка на приговор до Вишото јавно обвинителство – Скопје и на барање за контрола од Републичкото јавно обвинителство, за случајот за набавка на мазут за ТЕЦ „Неготино“. Од  компанијата тврдат дека надлежната обвинителка, Наташа Коларевиќ, паушално го спровела вештачењето на доказите од кривичната пријава и неосновано ги искривила исказите на вештаците инженери.

– Во овој контекст, јасно укажуваме дека лицата повикани во предистражната постапка не биле ниту овластени, ниту компетентни, а најмалку одговорни да даваат коментари за евентуална финансиска штета. Нивната улога, согласно со барањето на обвинителката, била единствено да ги образложат техничките процеси при набавката на мазутот и реализацијата на планот за производство на електрична енергија во ТЕЦ „Неготино“. Токму тие технички искази сега се злоупотребуваат за спинување и правдање на обвинителката дека наводно наредбата за запирање на постапката била резултат на изјавата од АД ЕСМ, дека немало настаната материјална штета – појаснуваат од АД ЕСМ во соопштението.

Оттаму тврдат дека АД ЕСМ, како директно оштетена страна, во ниту еден момент не било повикано од ОЈО ГОКК официјално да се произнесе, врз основа на своите прецизни финансиски анализи, за реалната штета поради која и беше почната постапката.

– Направена е суштествена повреда на постапката, бидејќи вештите наоди и мислења никогаш во текот на постапката не биле доставени до АД ЕСМ од страна на Обвинителството, туку биле доставени дури по запирање на постапката. АД ЕСМ останува на линија на законот и со сите можни законски алатки ќе се бори за правда и надоместок за претрпена финансиска штета – стои во соопштението од компанијата, кое доаѓа како реакција на соопштението на политичката партија Левица, од каде што претходно обвинија дека токму ЕСМ не доставило доказ дека е оштетена државата.

Претходно, во телевизиско интервју, обвинителката Катерина Коларевиќ истакна дека една од главните причини поради кои решила да ја прекине истрагата за случајот „Мазут“ биле искази на актуелни претставници на државното ЕСМ, овластени од актуелниот директор, дадени во март.

Со запирање на постапката, ослободени од сомнеж за вина за криминал со мазутот во вредност од 165 милиони евра се ексдиректорот Васко Ковачевски, кој е во бегство, сопственикот на „Пуцко петрол“, Асмир Јаховски, сопственикот на РКМ, Ратко Капушевски, и уште други десет лица.

 

ИЗДВОЕНИ