вторник, јуни 16, 2026
Дома МАГАЗИН Голема радост во семејството Балашевиќ: „Ѓоле се врати дома“

Голема радост во семејството Балашевиќ: „Ѓоле се врати дома“

593
Фото: screenshot K1 Televizija

Алекса Балашевиќ, синот на легендарниот Ѓорѓе Балашевиќ и неговата сопруга Николина денес го добија своето второ дете.  Името на малиот привлече посебно внимание, бидејќи Алекса одлучи да го крсти наследникот по неговиот покоен татко, Ѓорѓе.

Алекса и Николина имаат четиригодишна ќерка, Вера, а сега нивното семејство е побогато за уште еден член.

„Тој дојде, дете од небото“, напиша Алекса на Инстаграм.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Aleksa Balašević (@balasevicaleksa)

Неговата мајка, Оливера Балашевиќ, исто така се огласи на гореспоменатата социјална мрежа.

„Ѓоле се врати дома… Го повика срцето на една „провинцијална“ баба која посака најубав подарок што небото можеше да ѝ го испрати за утрешниот роденден. Добредојде, мало големо момче. Твојот дедо те чува со онаа најсјајната ѕвезда, а твојата баба веќе те чува во секое отчукување на срцето“, напиша таа покрај фотографија од малиот.

ИЗДВОЕНИ