Две лица загинаа утринаа во експлозија во куќа во Бристол, соопшти полицијата на Авон и Сомерсет.
„Со оглед на неодамнешната промена во нивото на закани во Велика Британија, би сакале веднаш да ја увериме јавноста дека ова не го третираме како сомнителен терористички инцидент. Бараме од луѓето да не спекулираат и да го избегнуваат подрачјето додека реагираат итните служби“, соопшти полицијата.
Полицијата соопшти дека е поставен коридор „како мерка за претпазливост со цел да се одрќи безбедноста на јавноса“, пренесува „Би-би-си“.












