сабота, ноември 7, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА “Уплати 10.000 денари, бара син ти во затвор”

“Уплати 10.000 денари, бара син ти во затвор”

1077

Жена од Гостивар била измамена од непознат маж кој по телефон и побарал да му уплати на сметка 10.000 денари наводно по барање на син и кој бил во затвор.

“Син ти бара 10.000 денари уплати ги на оваа сметка”, ја довел непознатиот во заблуда жената која ги уплатила парите мислејќи дека се за синот, објавија од СВР Тетово.

Подоцна истиот пак и се јавил но сега барал пари со закани. И барал на гостиварката да уплати 10.000 денари. Жената пријавила во полиција каде велат дека го расчистуваат случајот. (П.А.)

ИЗДВОЕНИ