EPA/CYRIL ZINGARO

Најдобриот јапонскиот тенисер, Кеи Нишикори, најави крај на својата кариера на крајот од 2026 година, со што ќе се затвори едно значајно поглавје во светскиот тенис.

Нишикори (36) своевремено беше меѓу најдобрите на планетата и стигна до четвртото место на АТП-листата, што останува негов најдобар ранкинг во кариерата. Во својата богата биографија има и олимписки медал, откако освои бронза на Олимписките игри 2016, како и финале на САД опен 2014, каде што загуби од хрватот Марин Чилиќ.
Кариерата на Јапонецот, во последните години, беше сериозно нарушена од бројни повреди, поради што моментално се наоѓа дури на 464. позиција на АТП-листата.

„Би сакал да можам да продолжам со кариерата. Сепак, кога ќе се осврнам на сè досега, можам гордо да кажам дека го дадов максимумот. Навистина сум среќен што го поминав овој пат“, напиша Нишикори.

Тој ја започна професионалната кариера во 2007 година и освои 12 АТП-титули, а во моментов настапува на челенџер турнири. Последниот настап на АТП-ниво го имаше во Синсинати, во август 2025 година.

 

ИЗДВОЕНИ