недела, ноември 8, 2026
Дома СВЕТ Голема војна започнува на 9 ноември, се јави Доналд Трамп: Ќе морам...

Голема војна започнува на 9 ноември, се јави Доналд Трамп: Ќе морам да ја уништам таа земја!

1412
EPA/LAURA BRETT

Американскиот претседател Доналд Трамп одржал состанок со својот тим за национална безбедност на кој била разгледувана можноста за продолжување на воените операции против Иран. Според информации на „Фокс њуз“, високите американски функционери потврдиле дека во Белата куќа во изминатите два дена се одржале повеќе разговори за евентуално продолжување на нападите.

Трамп најави дека Вашингтон наскоро ќе донесе одлука за следните чекори, при што не ја исклучи можноста за нови воени удари врз ирански цели. Обраќајќи им се на новинарите во Овалната соба, американскиот претседател постави прашање дали САД треба да продолжат со нападите за да се осигурат дека иранската нуклеарна програма е целосно уништена и дека нема повторно да биде обновена.

-Би претпочитал, ако е можно, да не го уништувам остатокот од земјата, но можеби ќе морам. Наскоро ќе дознаете, порача Трамп.

Според порталот „Аксиос“, американската Централна команда (CENTCOM), задолжена за воените операции на Блискиот Исток, веќе ги финализира подготовките за евентуално продолжување на воените операции од голем обем против Иран. Сепак, засега не е добиена нова наредба од Вашингтон за започнување на нападите.

Американските функционери посочиле и дека во понеделник, 9 ноември, ќе настапи млада месечина, поради што ноќните услови би можеле да бидат поповолни за изведување воени операции.

Во меѓувреме, расте и загриженоста во регионот. Ирачкиот премиер Али Фалех ал-Заиди, во телефонски разговор со Трамп, јасно ставил до знаење дека ирачката територија не смее да се користи за воени напади врз соседните држави.

-Премиерот го потврди ставот на Ирак дека суверенитетот на државите мора да се почитува и дека ирачката територија не смее да се користи како појдовна точка за агресија врз соседните земји, соопштија од кабинетот на ирачкиот премиер.

ИЗДВОЕНИ