Гоце од Долно Лисиче е првиот жител кој, вчера, од градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески, доби Одобрение за градење, ослободен од комуналии, според одлуката за комплетно ослободување од плаќање комуналии за млади до 35 години.
– Овој момент не е само административен чекор, туку симбол на нов почеток, сигурност и поддршка за младите кои храбро чекорат кон својот прв дом – соопштија од локалната самоуправа.
Советот на Општина Аеродром ја усвои оваа мерка на својата прва седница, испраќајќи јасна порака дека младите се срцето и иднината на нашата заедница.
Сите млади до 35 години кои градат, доградуваат или надградуваат, добиваат целосно ослободување од комуналии од делот што е за Општина Аеродром.
Од Општината Аеродром упатија честитки до Гоце и до сите млади луѓе кои одлучуваат да градат и да живеат на територијата на оваа Општина.











