Исмаел Саибари импресионираше на Светското првенство, а Баерн го донесе за 55 милиони евра. Трансферот е завршен, а медицинските прегледи ќе бидат во САД.

Мароко изгледаше одлично против Бразил (1:1) на Светското првенство во САД, Мексико и Канада и го натера Баерн да купи играч кој особено импресионираше на тој натпревар. Исмаел Саибари веќе заврши сè во врска со трансферот во Баерн и ќе се приклучи на новиот клуб веднаш по Светското првенство.

Баерн го имаше земено за цел и претходно, го следеше и размислуваше да го доведе, а голот што Саибари го постигна откако им избега на стоперите Маркињос и Магалеуш беше доволен сигнал да побрзаат – бидејќи и други ќе се обидат да го доведат.

Па Баерн ги забрза преговорите со него, со неговиот агент и со ПСВ Ајндховен и, на крајот, ги разработија сите детали. Баерн ќе му плати на Мароканецот околу 55 милиони евра, додека медицинските прегледи ќе бидат извршени во САД – односно фудбалерот нема да мора да доаѓа во Германија за тоа.

Исмаел Саибари е фудбалер кој е роден во Шпанија и кој ја поминал својата младост претежно во Белгија, каде што бил член на неколку клубови. На нежна возраст од 19 години, без сениорски натпревар, тој заминал во ПСВ Ајндховен каде што прво тренирал во нивната младинска академија, а потоа почнал да игра за првиот тим. Најдобро се снаоѓа на десното крило, може да игра како офанзивен играч од средниот ред, но и како напаѓач.

Минатата сезона, тој постигна 19 гола и имаше девет асистенции во 37 настапи за „Филипс“.

ИЗДВОЕНИ