сабота, јуни 13, 2026
Дома СВЕТ Германија се плаши од сценарио за напад со беспилотни летала врз Бундестагот

Германија се плаши од сценарио за напад со беспилотни летала врз Бундестагот

20

Германскиот министер за внатрешни работи Александар Добринт предупреди на сè поизразената опасност од можни напади со беспилотни летала врз Бундестагот, пишува „Рајнише пост“.

Според тој весник, во писмо до претседателката на Бундестагот, Јулија Клекнер, Добринт посочи дека во последните месеци има зголемување на бројот на беспилотни летала во чувствителни области, поради што безбедносните служби го подигнале нивото на будност.

„Заштитата на уставните тела е од особено значење во светлината на моменталната состојба на општа безбедносна закана“, наведува Добринт во писмото.

Германските власти сè повеќе внимателно го следат појавувањето на беспилотни летала во близина на државните институции и објектите од критичната инфраструктура. Оваа тема доби дополнителна тежина по неколку извештаи за сè почести летови на беспилотни летала над воените, енергетските и комуникациските објекти.

Волстрит журнал претходно објави дека бројот на упади на беспилотни летала во Германија во текот на 2025 година би можел да надмине илјада случаи. Според проценките на безбедносните службеници, набљудуваните летала варирале по големина и технички способности – од мали комерцијални беспилотни летала, слични на играчки, до групи што се движат во формации од неколку летала.

Исто така, беше наведено дека од почетокот на 2025 година, во Германија се регистрирани околу 850 сомнителни летови на беспилотни летала над објекти од критичната инфраструктура.

Зголемениот број на вакви инциденти ја поттикна дискусијата за зајакнување на заштитата на државните институции, но и за проширување на овластувањата на безбедносните служби во откривањето и неутрализирањето на беспилотни летала во области од посебно значење.

ИЗДВОЕНИ