понеделник, јуни 15, 2026
Дома МАГАЗИН Аријана Гранде со апел до Белата куќа: Не користете ја мојата музика...

Аријана Гранде со апел до Белата куќа: Не користете ја мојата музика за „одвратни глупости“

42

Американската поп-ѕвезда Аријана Гранде во четврток ја повика администрацијата на Доналд Трамп да престане да ја користи нејзината музика за промоција на своите политики.

Коментарот дојде откако Белата куќа сподели видео на „ТикТик“ претходно оваа недела со кое ја промовира својата имиграциска политика. Видеото, кое прикажува федерални агенти како апсат и им ставаат лисици на луѓе, ја содржи песната „Bye“ од добитничката на „Греми“ за 2024 година, Аријана Гранде.

„Ве молам, никогаш не ја користете мојата музика во врска со оваа варварска, нехумана, одвратна глупост“, напиша Гранде во коментар објавен под видеото на „ТикТик“ на Белата куќа во четврток. Извор близок до пејачката рече дека нејзиниот тим разгледува како да ја отстрани музиката од видеото што е можно поскоро.

Одговарајќи на Гранде, портпаролката на Белата куќа, Абигејл Џексон, рече: „Ќе го кажеме повторно: она што е навистина варварско, нехумано и одвратно се криминалните нелегални имигранти кои повредиле и убиле невини американски граѓани“.

Гранде, пејачка и актерка номинирана за Оскар, ја критикуваше администрацијата на Трамп минатата година откако сподели објава на „Инстаграм“ во која ги прашува луѓето што гласале за Трамп дали нивниот живот се подобрил откако тој се вратил на функцијата.

Трамп, кој сега е во својот втор непоследователен мандат, е многу активен на социјалните медиуми. Членовите на неговиот комуникациски тим често објавуваат кратки видеа од популарни песни за да ги илустрираат напорите на претседателот да ги исполни ветувањата од кампањата. Некои од тие видеа содржеа популарни песни заедно со прикази на имиграциската политика на Трамп, американските воени операции против Иран и апсењето на поранешниот венецуелски претседател Николас Мадуро, пренесе „Хина“.

ИЗДВОЕНИ