четврток, јули 30, 2026
Дома СВЕТ Израелската војска нареди евакуација на жителите на 20 места во јужен Либан

Израелската војска нареди евакуација на жителите на 20 места во јужен Либан

153
Фото: EPA/ATEF SAFADI

Израелската армија (IDF) денес издаде наредба до жителите на 20 градови и села во јужен Либан да ги напуштат своите домови и да се преселат северно од реката Захрани.

Според објавената наредба, евакуацијата се однесува на неколку места во регионот Набати и Џезин, вклучувајќи ги Деир ал-Захрани, ал-Намирија, Набати ал-Тахта и ал-Фавук, Кфар Руман, како и други околни села, објави „Ал Џезира“.

На жителите им беше наредено веднаш да се евакуираат и да се преселат северно од реката Захрани, без даден рок за враќање.

ИЗДВОЕНИ