Припадниците на генерацијата икс се најнезадоволни од своите работни места, а повеќе од половина би дале отказ доколку не морале да работат, покажува истражување на компанијата „Кикрисјум“, а објавено од американскиот медиум „Фаст компани“. Во анкетата учествувале повеќе од 1.000 анонимни испитаници, а резултатите ја доведуваат во прашање распространетата претстава дека најмладите вработени се најнезадоволни од работната средина.

Според истражувањето, 34 % од припадниците на генерацијата икс, на возраст од 46 до 61 година, изјавиле дека не ја сакаат својата работа. Кај милениумците, овој процент изнесува 26, додека кај генерацијата зет е 22 %.

Разликите се забележуваат и во подготвеноста за напуштање на работното место. Дури 53 проценти од генерацијата икс би дале отказ доколку не би морале да работат. Истото го изјавиле 46 % од милениумците и 36 % од најмладите испитаници. Дополнително, 29 % од припадниците на генерацијата икс остануваат на сегашната работа бидејќи не можат да најдат подобра алтернатива. Кај милениумците овој удел е 19 %, а кај генерацијата зет – 18 %.

Вкупните резултати покажуваат дека 38 % од анкетираните имаат неутрален однос кон работата, додека 15 % не ја сакаат, а 12 % велат дека ја мразат. Сепак, истражувањето не мора да ги одразува ставовите на сите вработени од овие генерации.

 

ИЗДВОЕНИ