недела, јули 26, 2026
Дома СКОПСКА Финишира изградбата на клучката кај Момин Поток/ Фотогалерија

Финишира изградбата на клучката кај Момин Поток/ Фотогалерија

332

Фото: Петр Стојановски

Ако сè оди според планот, до Нова година скопјани конечно ќе возат низ новата клучка кај Момин Поток, која со години беше еден од најголемите сообраќајни проблеми во градот. Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски рече дека проектот е веќе три четвртини завршен, а паралелно се работи и на уште неколку големи инфраструктурни зафати низ Скопје.

Заедно со премиерот Христијан Мицкоски, извршија увид во градежните работи, при што порачаа дека до крајот на годината граѓаните ќе добијат не само нова клучка, туку и проширени мостови, нова комунална механизација, како и електрични автобуси.

ИЗДВОЕНИ