EPA/JOEL CARRETT EDITORIAL USE ONLY AUSTRALIA AND NEW ZEALAND OUT

Тенискиот свет повторно е на нозе – Роже Федерер се враќа на теренот на Отвореното првенство на САД како дел од специјален егзибициски настан што ќе се одржи во Њујорк на 25 август.

Легендата на светскиот тенис, освојувачот на 20 гренд слем титули и човекот што го освои трофејот пет пати по ред во Њујорк, повторно ќе стапне на централниот терен на стадионот „Артур Еш“, за прв пат од 2019 година.

Настанот наречен „Роже Федерер: Икона се враќа во Њујорк“ ќе биде вистински тениски спектакл и почит кон една од најголемите кариери во спортската историја.  Федерер ќе биде на теренот во друштво на своите големи ривали и пријатели – Андре Агаси, Џон Мекенро и Енди Родик, што гарантира вечер полна со носталгија и тениски гламур.

Според американските медиуми, интересот за овој настан е огромен, а организаторите очекуваат полн стадион и спектакл што ќе ги спои спортот и забавата во една вечер.

Швајцарскиот маестро, кој се пензионира од професионалниот тенис во 2022 година, претходно изјави дека Њујорк е едно од најпосебните места во неговата кариера и дека му недостига атмосферата на Отвореното првенство на САД и енергијата на публиката.

Иако станува збор за егзибиција, враќањето на Федерер предизвика огромно внимание и веќе се нарекува еден од најочекуваните спортски настани во годината во Њујорк.

 

ИЗДВОЕНИ