Уште еден успешен настап на македонското таеквондо на меѓународната сцена. Душица Бреслиева и Дејан Георгиевски освоија бронзени медали на Европското клупско првенство во Сараево, потврдувајќи ја својата форма и континуитет во силна меѓународна конкуренција.

Двајцата спортисти се олимписки стипендисти на Македонскиот олимписки комитет, а нивните резултати претставуваат значаен чекор во подготовките и квалификацискиот пат кон Летните олимписки игри во Лос Анџелес 2028.













