четврток, јуни 25, 2026
Дома СВЕТ Европските синдикати бараат со закон да се воведат паузи за ладење на...

Европските синдикати бараат со закон да се воведат паузи за ладење на работниците за време на топлотни бранови

10

Европската конфедерација на синдикати (ЕТУЦ) ја повика Европската Унија да воведе задолжителни, законски пропишани паузи за работниците изложени на екстремна топлина, предупредувајќи за зголемените здравствени и безбедносни ризици во текот на сè почестите топлотни бранови.

Инспириран од мерките воведени на Мундијалот, кога се прекинувани фудбалските натпревари за да се заштитат играчите од екстремната топлина, синдикатот во соопштението наведува дека работниците треба да имаат право на „паузи за ладење“ во текот на периоди на високи температури, објави „Ле Фигаро“. ЕТУЦ истакнува дека работниците во секторите како што се градежништвото, земјоделството и јавниот транспорт треба да имаат уште поголема заштита, бидејќи се изложени на високи температури подолго и континуирано.

Според податоците што ги цитира синдикатот, ризикот од повреди поврзани со работата се зголемува за околу седум проценти кога надминуваат температурите 30 Целзиусови степени, додека на температури од околу 38 степени се зголемува до 15 проценти.

ИЗДВОЕНИ