Европската комисија ѝ пренесе на Србија дека нивниот европски пат бара јасни стратешки избори и вклучува „избегнување стратешки зависности кои не се во согласност со таа цел“.
Сето тоа по повод потврдата на српскио претседател Александар Вучиќ дека Белград купил разорни кинески суперсонични балистички ракети ЦМ-400.
Портпаролот на ЕК наведе дека „кредибилниот европски пат значи посветеност на регионалната стабилност и заедничко разбирање на безбедносните предизвици со кои се соочува нашиот континетнт“, пренесувс „Радио Слободна Европа“.
Премиерот на Хрватска Андреј Пленковиќ наведе дека за оваа набавка ќе ги извбести членките на НАТО.
„Ќе разговараме со нашите партнери во Северноатлантскиот сојув и ќе ги предупредием на таквото вооружување кое е новост во арсеналот на Војската на Сребија“, изјави вчера Пленковиќ.
На изјавата на Вучиќ реагираше и министерот за одбрана на Косово Ејуп Маќедонци, кој денеска изјави дека тврдењата на српските власти за вооружување заради одбрана од соседните земји не се втемелени и дека со купувањето кинеско оружје искажуваат хегемонистички тенденции кон тие земји.
Маќедонци во изјавата за РСЕ рече дека Србија веќе неколку години набавува оружје од Русија и Кина и дека „значи, тоа не е поврзано со никаква моментна закана кон Србија“, пренесе „Бета“.












