недела, ноември 29, 2026
Дома ЕКОНОМИЈА Бе-ем-ве и „Рајнметал“ ќе бараат нови извори на критични минерали

Бе-ем-ве и „Рајнметал“ ќе бараат нови извори на критични минерали

0

Бе-ем-ве, „Рајнметал“ и други германски индустриски компании планираат формирање заедничка компанија што ќе инвестира во рударски проекти и ќе обезбедува критични суровини за германската индустрија, меѓу кои бакар, литиум, графит и кобалт. Иницијативата треба да биде подготвена до средината на 2027 година, а целта е намалување на зависноста од ограничен број набавувачи, особено од Кина, и зајакнување на сигурноста во снабдувањето.

Новата компанија ќе ги обедини набавките и финансиските ресурси на индустријата, со можност за директни инвестиции во рударските проекти и создавање стратешки резерви. Германија паралелно планира и државен фонд за суровини, чија потенцијална вредност би достигнала 1,5 милијарди евра.

Во меѓувреме, Македонија засега не е вклучена во овие процеси, иако има потенцијал за искористување на минералните ресурси. Кај нас се спроведува геолошко истражување за антимон кај Крива Паланка, додека најзначајната најавена инвестиција во критични минерали е рудникот за бакар во Иловица.

Експертите предупредуваат дека земјата има неискористен минерален потенцијал и дека актуелната побарувачка за критични суровини претставува можност за развој на домашното рударство.

ИЗДВОЕНИ