недела, ноември 29, 2026
Дома КУЛТУРА Македонска премиера во Скопје: Од Токио, „шахтата“ си дојде дома / ФОТОГАЛЕРИЈА

Македонска премиера во Скопје: Од Токио, „шахтата“ си дојде дома / ФОТОГАЛЕРИЈА

3

Фото: Ѕ.Плавевски

Филмот „Сестра, брат и шахта“ на Милчо Манчевски вечера, 29 ноември,  го доживеа своето македоско претставување во големата сала на Македонската филхармонија во Скопје.

Новото оствaрување на Манчевски беше претставено со гала-премиера и со црвен килим, а пред публиката се поклонија актерите и членовите на филмската екипа, кои го создадоа филмот, вклучувајќи ги и гостите од Англија, Италија, Бугарија, Србија и од Албанија.

Од претставниците на државниот врв, се разбира, прва што му честита за остварувањето и наградата на режисерот беше претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, почитувач и покровител на културата и културните остварувања кои ја позиционираат Македонија високо на светската кулурна мапа.

Меѓу гостите продефилираа значајни личности од културниот и од општествениот живот на нашата земја, колеги актери, политичари, автори.

 

 

 

Пошироката скопска и македонска јавност ќе може да го види филмот во киното „Синеплекс“, од 3 декември.

ИЗДВОЕНИ