понеделник, октомври 12, 2026
Дома БАЛКАН Инцидент во БиХ: Дабар прегризал подземни кабли за напојување – над 1.600...

Инцидент во БиХ: Дабар прегризал подземни кабли за напојување – над 1.600 луѓе без струја

19
Фото:википедија

Повеќе од 1.600 корисници во областа Прњавор, во северниот дел на Босна и Херцеговина, останаа без електрична енергија откако дабар прегризал кабли за напојување, соопшти „Електрокрајина“ (Elektrokrajina), компанијата задолжена за дистрибуција на електрична енергија во регионот.

Прекинот во снабдувањето се случил вчеравечер, а екипите на терен откриле необична причина за дефектот: дабар прегризал подземни кабли за струја, со што го прекинал снабдувањето. Работниците дури успеале и да го фотографираат животното покрај оштетените кабли.

„Дефектот на далноводот со среден напон во неделата го предизвика дабар, кој ги пресече сите шест подземни кабли на делницата што минува под автопатот Бања Лука – Добој“, соопштија од „Електрокрајина“.

Санацијата на штетата нема да биде едноставна бидејќи оштетените кабли се наоѓаат под автопатот, а за нивна замена е потребна тешка градежна механизација. „Замената на подземните кабли бара употреба на тешка градежна механизација, што го забавува темпото на поправка на дефектот и воспоставувањето сигурно снабдување со електрична енергија. Ги замолуваме сите корисници што се снабдуваат преку далноводот ’Штрпци‘ за трпение и разбирање“, наведоа од „Електрокрајина“, пренесува „Хина“.

ИЗДВОЕНИ