Шведската влада почна да им исплаќа на странските државјани да ја напуштат земјата, како дел од програмата за заземање построг став кон проблемот со мигрантите. Според најновите податоци, владата нуди 350.000 круни, или 37.000 долари, за секој имигрант што ќе ја напушти земјата.
Од почетокот на годината, 171 лице ги прифатило парите за да ја напушти Шведска. Шведските демократи, втората по големина партија во парламентот, изразија желба да ја прошират понудата на мигрантите кои имаат шведско државјанство, доколку се согласат да се откажат од своите шведски пасоши, пренесе Срна.
Шведската влада, која дојде на власт во 2022 година, објави намалување на стапките на имиграција и криминал.
Шведска, исто така, ги заостри другите прописи за мигрантите и повеќе не дава лесно постојан престој, додека имигрантите мора повторно да аплицираат за дозвола за престој по три години.












