Европскиот совет и Европскиот парламент постигнаа договор за задржување на правото на бесплатен рачен багаж и надомест за доцнење на летови, кое ќе се применува од 2027 година според правилата на ЕУ за правата на патниците во воздушниот сообраќај, по повеќе од една деценија преговори.
Според новите правила, патниците во воздушниот сообраќај ќе продолжат да имаат право на бесплатен рачен багаж и надомест ако нивниот лет е доцнат најмалку три часа – клучно барање на Европскиот парламент, на кое се спротивставија неколку земји-членки на ЕУ, објави Еуроњуз.
Според новите правила, патниците ќе продолжат да добиваат надомест доколку нивниот лет доцни најмалку три часа. За летови подолги од 3.500 километри ќе се исплаќаат 300 евра, додека надоместокот ќе достигне 600 евра доколку доцнењето надмине четири часа или летот биде откажан.
Значајна новина е и тоа што рачниот багаж ќе биде вклучен во основната цена на билетот. Патниците ќе имаат право бесплатно да внесат еден личен предмет со димензии до 40 x 30 x 15 сантиметри, како и еден мал кабински куфер или ранец.
Дополнително, авиокомпаниите, туристичките посредници и интернет-платформите за продажба на билети ќе мора уште на почетокот на процесот на резервација јасно да ја прикажуваат конечната цена на билетот, вклучувајќи го и рачниот багаж.
Новите правила предвидуваат и можност превозниците да нудат поевтини билети за патници кои доброволно ќе изберат да патуваат без рачен багаж.
Регулативата треба да стапи во сила во 2027 година, кога сите авиокомпании ќе бидат обврзани во основната цена на билетот да вклучат мал личен предмет и стандарден рачен багаж.
Организациите за заштита на потрошувачите ја поздравија одлуката, оценувајќи дека таа ќе стави крај на практиката на дополнителни и често нејасни наплати за кабински багаж, особено кај нискобуџетните авиокомпании.
Договорот беше постигнат меѓу амбасадорите на земјите-членки на ЕУ и кипарското претседателство со Советот на Европската Унија, со што е направен значаен чекор кон поголема заштита и поголема предвидливост за милионите европски патници.












